Д-р Трајчулески од Крушево ја загуби битката со коронавирусот

Вангел Трајчулески бил хоспитализиран десетина дена во инфективната клиника, а денеска починал поради компликации од Ковид-19.

Веста за неговата смрт ја потврдија од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

„Уште една жртва доктор. Нека почива во мир нашиот колега од Крушево, д-р Вангел. Сочувство и добро здравје до семејството“, објавија од Асоцијацијата на фејсбук.

-Докторот Вангел Трајчулески не се штедеше цел свој работен век, а најмалку во изминатите 10 месеци кога постојано беше во судир со вирусот. За жал и тој е жртва на ова зло- напиша за него градоначалникот на Крушево Томе Христовски.

Доктор Трајчулески го загуби животот прерано, но остави многу добри работи позади себе, пишува Хростовски.

-Неговиот придонес преку неговата професија живот значеше за крушевчани. За жал, ние не можевме да ти возвратиме на било кој начин за да продолжиш да не лечиш и да бидеш физички присутен наш пријател и сограѓанин- напиша градоначалникот на Крушево.

Меѓу 24 починати во последното деноноќие е и медицинска сестра од хируршкото одделение на Битолската клиничка болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот