Д-р Татјана Гуржанова: Улогата на хормоните во општото и репродуктивното здравје

Многу болести, патолошки состојби, се врзани со дисфункција на една или повеќе жлезди. Самото забременување, односно оплодување, не е возможно без максимална функционалност и хармоничност на сите жлезди.

Докторите што се занимаваат со хумана репродукција треба да имаат големо познавање  од целокупната работа на цел ендокрин систем, за да може и со најмали знаци да ги откриваат дефектите на работата на жлездите и после примената на ендокрина терапија да се воспостави таа рамнотежа и како крајна цел да се дојде до посакуваната бременост на здраво дете, вели д-р Татјана Гуржанова, специјалист акушер, гинеколог и ИВФ специјалист во Центарот за плодност „Њуборн клиник“.

Дали можеме да влијаеме на хормоните и на кој начин?

 Досега се познати доста хормони и нивни метаболити, како и нивното дејство. Може да се дијагностицира недостатокот на одреден хормон или на зголемена функција на жлездата и лачење на хормонот. Кога се пореметува функцијата на една жлезда речиси секогаш после извесно време доаѓа до дисфункција и на останатите жлезди и пореметување на целата неуроендокрина оска, со последици  по целото здравје. Многу често започнува со недостаток на енергија или вознемиреност во текот на денот, менување на физичкиот изглед, пореметување на психичкото здравје, отсуство на сон, пореметен менструален циклус кај жените, стерилитет кај мажите, па дури и појава на малигни болести. Затоа, кога ќе се дојагностицира пореметување, треба веднаш да се третира во интерес да се спречат поголеми штети на телото.

На функцијата на жлездата најмногу влијае исхраната и начинот на живот. Добра избалансирана исхрана со физичка активност, седум до девет часа сон, чист воздух, најмногу влијаат да се обезбеди оптимална функција на ендокриниот систем. Во исто време, претставува најдобра превенција од ендокрини нарушувања, но и при нивен третман е прва линија на терапија заедно со хормонската терапија. Токму поради овие причини, лошата исхрана, седечкиот живот, нечистиот воздух, имаме и толкав зголемен пораст на ендокрини нарушувања и болести, машки и женски стерилитет, па дури и малигни болести врзани со пореметување на ендокриниот систем.

Кој хормон најмногу влијае на тоа како ќе бидеме расположени?

 Не може посебно да се издвои еден хормон – доброто расположение, полната енергија во текот на денот, мирниот 8-часовен сон во текот на ноќта, во најголема мера зависи од балансот на сите хормони. На пример, од нормалната функција на тироидната жлезда зависи расположението, енергијата во текот на денот, дури психијатрите започнуваат со алтернативен пристап на лекување на депресија со додавање на тироксинот (хормонот што го лачи тироидната жлезда), потоа добриот сон е регулиран од мелатонинот (хормон на епифизата – мала жлезда што се наоѓа во главата), кога се вљубуваме се лачи во големи количини окситоцин (окситоцин се лачи и при породување и ги регулира контракциите на матката, со што го овозможува природното породување), кортизолот и адреналинот на надбубрежната жлезда може да ни го спасат животот при стресна и загрозувачка ситуација, со нивното прекумерно лачење во моменти на силен стрес му овозможува на телото и мозокот да преземе реакции кои нормално не би ги преземало итн.

Дали жените се под поголемо влијание на хормоните од мажите?

– И жените и мажите се под еднакво влијание на хормоните, хормоните го одредуваат самиот живот, само што се под различно влијание. Главен хормон што ја одредува жената е повисокото ниво на естроген во крвта во одност на тестостеронот, а мажот обратно, тестостеронот е повисок од естрогенот и тоа ги прави различни еден од друг. Тој процес започнува уште во ембрионален развој и ги детерминира и развојот на машки или женски полови органи и со тоа и дали една индивидуа ќе биде машка или женска индивидуа. Какво било нарушување на ендокриниот систем може да доведе до пореметување и на половите хормони, односно естрогенот или тестостеронот. Овие два хормона се и најголеми причинители на малигни заболувања кај женскиот или машкиот организам од сите други хормони на ендокриниот систем. Гинеколозите, посебно оние кои се занимаваат со хумана репродукција, ендокринолозите, во светот веќе започнува и трендот на новата специјалност, докторите по антиејџинг (antiaging), со превентивна медицина, треба да имаат широко и детално познавање на ендокриниот систем, неговата функција, нарушување и третман за враќање на балансот во интерес на навремено третирање на пореметувањето како и во интерес на здравствената благосостојба на пациентот.

Њуборн Клиник – Центар за плодност, булевар Илинден 107, 1000 Скопје,

Телефон : +389 (0)2  2734 350

(комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот