Д-р Стојанов: Се повеќе млади луѓе ни заболуваат – Со кластери е полесно, но сега веќе е излезено надвор и може секој да заболи

Д-р Александар Стојанов, Фото: Архива

Сѐ помлади лица без претходни заболувања завршуваат на респиратор или на кислородна поддршка во македонските болници како последица на ковид-19, вели др. Александар Стојанов, директор на Центар за јавно здравје Скопје за телевизија Сител.

– Ако на почетокот на пандемијата во најголем ризик беа повозрасните и хроничните пациенти, сега, состојбата според епидемиолозите е обратна. Сега се повеќе млади луѓе ни заболуваат. Имаме ситуација кога помлади луѓе и здрави заболуваат во тешки форми, заболуваат и постари но полесно. Вирусот кај некои е агресивен, кај други во поблаги форми. Вирусот овие 4 месеци мутирал за да опстане, но кусо е времето за да го осознаеме, вели др. Стојанов.

Најголемо жариште на вирусот е Скопје, каде во моментот има повеќе од 2000 активни случаи.

– Со кластери е полесно, ги знаете луѓето и ги изолирате, но сега веќе е излезено надвор и може секој на секое место да заболи. Чаир сѐ уште води, но не е како порано. Може да се каже дека ја носиме ситуацијата сѐ додека имаме можност за хоспитализација. Кога бројот ќе биде голем да нема каде да бидат сместени, е тогаш е лошо како што имаше ситуации во некои развиени земји, вели др. Стојанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот