Д-р Стевановиќ: Превентивното земање на антибиотици дефинитивно не е оправдано

Директорката на Инфективна клиника, д-р Милена Стевановиќ вечерва во емисијата „Клик плус” на ТВ21 потенцира дека земањето антибиотици на своја рака може да донесе несакани дејства.

-Превентивното земање на антибиотици дефинитивно не е оправдано. Ниту самоиницијативно. Секое несоодветно земање на лек, па дури и суплемент може да донесе несакани дејствија. Затоа е тука лекарот, специјалистот кој кажува што треба да се земе, рече д-р Стевановиќ.

Проф. д-р Докиќ истакна дека основно е да се пијат многу течности и да се земе витаминска терапија.

-Ц витамин, но претпазливо, затоа што може да ги оштети бубрезите. Цинк, некои антиоксиданси, Д витамин од 2.000 до 4.000 интернационални единици. Но она што е важно, е дека не би сакал граѓаните да земат парацетамол непотребно. На температура 37, 2 тие земаат парацетамол. Температурата е дел од одбранбениот систем. Температуратa над 39, само од тие причини се зема да се намали, и тоа не драстично, туку да живне организмот, појаснува проф. д-р Докиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот