Д-р Стевановиќ: Модуларната болница може да смести 70 пациенти, брзо ќе се наполни ако не внимаваме сите

Во вчерашната изјава за медиумите, директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби д-р Милена Стевановиќ информираше дека е започната хоспитализација на пациенти во модуларната болница во непосредна близина на клиниката.

Во однос на кадарот кој работи во модуларната болница, д-р Стевановиќ изјави:

„Постои систем на мобилизирање на медицински персонал, како среден медицински персонал, така и лекарски и специјалистички. Во моментот на испомош се дојдени колеги од интернистичките гранки и тоа е практично една екипа, еден тим кој работи и во клиничката зграда и во модуларната болница. Тоа е всушност една институција сега”.

Модуларната болница има капацитет од 70 кревети и истата е целсоно опремена за третман на пациентите со ковид-19.

„Модуларната болница е целосно опремена. Централен довод на кислород до секое легло и се она што ни е потребно од опрема и функционира на клиниката, го има и во модуларната болница” – потенцираше д-р. Стевановиќ.

Таа изјави дека заради динамиката на приеми и исписи не може да се даде предвидување како ќе се полнат болничките капацитети, но она што можевме да го предвидиме и на што апелиравме и сѐ уште апелираме е придржувањето кон мерките како единствен начин за лична заштита и превенција од ширење на вирусот.

„Истите мерки важат насекаде во светот, многу едноставни и лесни за придржување. Само треба дисциплина, а таа сега ни е исклучително потребна. Држете дистанца, избегнувајте групирања, носете маска, ” – потенцираше д-р Стевановиќ.

Д-р Стевановиќ изјави дека тие, здравствените работници, мора да ја издржат оваа битка.

„Едноставно мораме да издржиме, заради нас, заради вас, заради нашите и вашите семејства. Граѓаните мора да ни помогнат„ – потенцираше директорката на Инфективната клиника и апелираше до медиумите да испрата порака до јавноста за почитување на мерките.

Дополнително, таа апелираше и до инфицираните со ковид-19 во целост да ги следат препораките на стручните лица, матичните лекари.

„Сите оние кои имаат лесни симптоми да бидат дома, изолирани со симптоматска и витаминска терапија. Да им помогнеме на оние кои навистина имаат потреба од хоспитализација” – потенцираше д-р. Стевановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот