Д-р Стевановиќ: Голем е стравот од умирање во болница кај постарите лица

Пред неколку дена е направена анализа, не детална многу, но од 67 починати пациенти на нашата Клиника, половина од нив се донесени од ралзични центри во држвата или пак донесени од дома, кои биле во исклучително тешка здравствена состојба и не минале на клинката ни повеќе од 24 или 48 часа што говори многу за тежината на болеста, рече вечерва директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ во гостување на ТВ Телма.

-Околу 17 пациенти од овие лица, биле на домашно лекување, значи не под контрола на матичен лекар, сами се лекувале пацинетите, без да побараат медицинска поддршка повеќе од 10 дури и 15 дена- рече Стевановиќ.

Додека, вели Стевановиќ, преку 25 од овие лица биле на домашно лекување 9, 7, или пет дена, што е исклчучително долго време на неконтролирано лекување.

-Јас верувам дека доколку овие пациенти биле на време донесени или ги почитувале инструкциите од матичните лекари, оваа бројка би била далеку помала и искоход не би бил таков- вели Стевановиќ.

Во нашата земја, вели директорката, како да е срамота да си болен од нешто и мислам дека таа фама околу ковид-19, па да не речам срам, имам впечаток дека луѓето сакаат да го сокријат и не комуницираат со здравствениот систем, од друга страна ставот од умирање во болница кај поврозразнисте лица е многу голем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот