Д-р Сoфијанова: Овој вирус сè уште е непознаница, здравиот живот влијае на имунитетот

Фото: Фејсбук

Докторката Аспазија Софијанова во денешното гостување во Студио 10 на ТВ 24 порача дека здравиот живот влијае на имунитетот, додавајќи дека треба повеќе физичка активност во време на пандемијата од коронавирусот.

-Нешто се случува со самиот вирус, веројатно сега доаѓа и оној вирус на инфлуенца Х1Н1. Нешто се случува и на нивото на медицината. Овој вирус сè уште е непознаница. Треба повеќе физичка активност, добро се храниме, но треба да обрниме внимание по оние суплементи кои го подобруваат имунитетот. Здравиот живот влијае на имунитетот. Да не заборавиме на витаминот Д3. Треба да стане навика тоа- истакна Софијанова.

За 13 часот е најавено обраќање на министерот за здравство, Венко Филипче и првиот човек на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски кои во детали ќе информираат за расправата од претпладневниот состанок на Кризниот штаб.

Заврши состанокот на Кризниот штаб: Кои се новите мерки против ковид-19?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот