Д-р Софијанова: Мерката за задолжително носење на маска на отворен простор е исправна

Докторката Аспазија Софијанова смета дека мерката за задолжително носење на маска на отворен простор е исправна.

-Јас имам конзервативен став околу оваа мерка и сметам дека е исправна, и тоа не е направена како аналитика и статистика. Но, тоа е статистика на глобално ниво. Експертите правеле анализа на вирусот, и сметаат дека е исправно така. Од друга страна имаме работа со нешто непознато. Имаме вирус кој беше вирулентен, па се намали тоа, и сега се случува нешто страшно – рече Софијанова синоќа во емисијата „ClickPlus“.

На прашање како може да се разликува коронавирус од грипот, Софијанова објасни дека првите симтпоми најчесто се затнат нос и главоболка.

-Некако најчесто првите симптоми на коронавирусот се горнореспираторните делови. Затнат нос, синозид и главоболка. Тоа е еден мал клинички симптом за разлика од другите- рече Софијанова која во продолжение објасни дека не мора да значи дека кај секого е така, и дека секој што има затнат нос и главоболка, не значи дека има и ковид-19.

Таа посочува дека најдобри маски се Н95, но, како што истакнува, сите маски штитат.

-Според последните истражувања, аеросоли од коронавирусот може да останат во воздухот од 4-6 часа. И затоа е потребно да се носи маска и на отворено – смета Софијанова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот