Д-р Софијанова: „Фајзер“ е безбедна вакцина и за помладите

Фото: Архива

Се утврди дека „Фајзер“ создава доста јак имунитет кој е потребен за создавање на овој колективен имунитет кој ќе нѐ заштити сите. Токму оваа „Фајзер“ ќе биде доволно добра за да го спречи создавањето на мутации. Таа создава т.н селективен имунитет кон конкретниот проблем –  ковид-19 и заради тоа е препорачана и кај децата и не предизвикува никакви нус-реакции, изјави директорката на Клиниката за детски болести, д-р Аспазија Софијанова во вестите на ТВ Алфа.

– Децата да не бидат изземени бидејќи тие како носители на одредена варијација, можат повторно да направат одредена мутација, која не верувам дека ќе нѐ чини пак лесно, тврди Софијанова.

Според неа, интересот кај родителите е голем и тие постојано се распрашуваат за можноста на вакцинирање на децата од 12 до 16 години.

– Морам да ви кажам дека во последниот период сум зачудена колку ме прашуваат и сакат да знаат родителите за најдоброто за нивните деца. Не смееме да ја игнорираме и таа адолесцентна категорија, изјави таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот