Д-р Редфилд: Маските можеби се подобра заштита од вакцина

Носењето заштитни маски може да обезбеди подобра заштита од Ковид-19 отколку вакцините, смета директорот на Американскиот центар за контрола и превенција на болести, Роберт Редфилд.

– Можеби би отишол дотаму да кажам дека оваа маска ќе ми гарантира поголема заштита од коронавирусот отколку ако би биле вакцинирани против Ковид, бидејќи имуногеноста би била 70 проценти, и ако не добијам имунолошка реакција, вакцината нема да ме заштити. Оваа маска ќе ме заштити, нагласи Редфилд во Сенатот, пренесе Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека американските граѓани се уште не носат маски на ниво што ефикасно би ја ставило епидемијата под контрола.

– Затоа и понатаму ќе барам од Американците да преземат одговорност, особено оние на возраст меѓу 18 и 25 години, бидејќи гледаме дека епидемијата продолжува, рече Редфилд. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот