Д-р Петковиќ: Во ГОБ „8. Септември“ нема повеќе слободни кревети, состојбата е алармантна

ГОБ „8ми Сепмтеври“ Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во своето гостување во „24 анализа“, Д-р. Наташа Петковиќ од ГОБ „8. Септември“, посочи дека алармантна и страотна е сликата со ковид пациентите во болницата.

„Вчерашните бројки покажуваат дека неколку пациенти повеќе се примени во ГОБ 8. Септември, со оглед на тоа што имаме 105 кревети, а 120 хоспитализирани пациенти. Оттаму повеќе нема простор ниту за дополнителни кревети, и заклучно со вчерашниот ден сите капацитети се пополнети. Нашата болница се соочува 13 месеци со постојана работа како Ковид центар. Капацитетот на болницата е преоптоварен“, истакна Петковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот