Д-р Пановски: За две недели учениците ќе продолжат со онлајн настава

Никола Пановски /Фото: Архива на Слободен печат

Не сум сигурен што не чека, но веројатно по недела-две повторно ќе продолжат со онлајн настава, ако оди ситуацијата вака, изјави микробиологот д-р Никола Пановски за емисијата „Жешко политичко лето“ на телевизија Канал 5.

Тој наведува дека во средните училишта каде што има по 34 деца во клас, треба да имаме поделби на смени и веројатно тоа ќе се случи.

– Мое искуство е дека помладите деца се подициплинирани, така што кај средношколците не знам колку ќе носат маска, особено кога ќе го нема наставникот. Сметам дека средношколците кои се трета и четврта година веќе се имунизирани, затоа што имаа толку многу контакти во претходниот период, откако што ќе имаат во училиште, потенцира Пановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот