Д-р Пановски: Со сегашното темпо на вакцинација, можен е колективен имунитет до крајот на август

Никола Пановски /Фото: Архива на Слободен печат

Само 71.060 граѓани се вакцинирани досега со две дози од вакцината против ковид-19 и може да се каже дека имаат шанса да развијат имунитет против болеста. Останатите граѓани примиле само една доза. Изминатите денови, бројот на лица што дневно се вакцинираат за првпат, се движи меѓу 2.400 и 3.300.

Дали со вакво темпо на давање прва доза на вакцина ќе може да се содаде колективниот имунитет, односно да се овозможи безбедно и нормално функционирање на есен, со стартот на учебната година, безбедни патувања и нормализирање на работните ангажмани со физичко присуство?

Професорот на Медицинскиот факултет доктор Никола Пановски, смета дека со сегашното темпо, можно е до крајот на август да се обезбеди колективниот имунитет.

– Целта треба да биде, до крајот на есента да се администрираат барем уште 600 илјади дози. Моментално, поголемиот број граѓани примаат втора доза од вакцината, затоа што нема вакцини за прва доза. Меѓутоа, се најавува дека ќе пристигнат поголеми количини месецов. Ако се администрираат 180 илјади дози месечно во јуни, јули и август, може да се дојде до колективен имунитет. Тоа е сметката. Кога ќе се заврши со тие што примиле втора доза, ќе се дава повторно прва доза на најголемиот број пријавени и тие периоди ќе ротираат, вели доктор Пановски за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот