Д-р Пановски: Со маска на лице, пак би размислил дали ќе влезам во автобус

Јас лично, вели д-р Пановски, не би влегол во автобус и да има 15 луѓе со маски, би барал сите прозори да бидат отворени за да бидам сигурен, на вакви мали простори каде се шират аеросоли.

Во гостување на Сител, д-р Никола Пановски истакна дека кај нас малку порано почнал есенскиот бран на коронавирусот, а причина за тоа се собирањата, одноно свадбените веселби и неносењето на заштитни маски.

Јас лично, вели д-р Пановски, не би влегол во автобус и да има 15 луѓе со маски, би барал сите прозори да бидат отворени за да бидам сигурен, на вакви мали простори каде се шират аеросоли.

Д-р Пановски вели дека главното ширење на заразата е јавниот превоз и потребно е да се воводат построги мерки, затоа што многу луѓе се однесуваат слободно.

-Официјално лице кажа дека имало 1.000 свадби во Скопје, плус и концертите. Летоска луѓето беа надвор одеа по плажи, корзата беа полни, не носеа маски немаше никаква експлозија од корона. Јасна е каде е главниот пренос на ковид во јавниот превоз и децата одат во школо ги носат во градинка, не можам да верувам дека нема мерка за 50 проценти во автобусите и од 50 луѓе барем тројца не носат маска, вели Пановски.

Тој вели дека мерките досега се одлични, треба да се носи маска и тоа е научно докажано и исправно. Убаво е тоа што не предложија да се носат ракавици, затоа што немаше логика.

– На СЗО и требаше да ги прифати мерките дури во јуни што е голем скандал. Преку аеросоли е главното ширење на болеста, во комбиња, автобуси, затворен простор, на работа 90 отсто кога се оди на пушење цигари и на тој начин се шири болеста, посочи Пановски.

Шилегов: Мерката за исполнетост на автобусот до 75 проценти се почитува, чекаме дополнителни препораки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот