-Слушнавме и од нобеловецот Монтање дека вирусот е лабораториски дека сам ќе се уништи за два месеци, но од тогаш пројдоа повеќе од два месеци. Многу други експерти дадоа лоши прогнози. Сепак мал модел  е Бергамо, каде што немаат ниеден случај на заболен, каде што докторите велат дека нема тешки случаи и каде што 45 проценти од населението имаат антитела, и тие што прележале и тие што биле во контакт. Се исполнија псимистичките прогнози, состојбата е резултат на непочитување на мерките, особено што голем дел од населението не се придржува до мерките,  рече д-р Пановски.

Тој вели дека тие што користат јавен превоз, здравствените работници и младите деца можат да ја донесат болеста и тоа ширење кое може да се случи.

-Кога ќе дојде есен се плашам од враќањето во затворен простор, потребно е што повеќе да ги проветруваме просториите и особено да внимаваме со климатизерите, да ја заборавиме функцијата за вртење на воздухот внатре, порача д-р Пановски.

Укинувањето на забраната во кафулиња и ресторани да седат само двајца на една маса, потенцираше тој, не е толку проблематично, но доколку се седи на отворено, проблем е затворениот простор.