Д-р Пановски објасни зошто се неопходни ригорозни мерки

Микробиологот, д-р Никола Пановски во денешното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, изјави дека во Македонија до месец декември би имале околу 10.000 мртви од Ковид-19. 

Тој вели дека секој ден би имало по 100 погреби доколку не се преземат некакви мерки.

Пановски додаде дека доколку претпоставиме дека имаме по 5.000 активни случаи, според вирулентноста на вирусот и доколку таа е 2-3, односно доколку еден заболен може да зарази двајца или тројца други луѓе, тогаш во следните три месеци би имале и повеќе од 10.000 заразени дневно.

– Едно странско истражување направено на 25000 испитаници, колку што имаме ние вкупен број на заразени, покажало дека рестораните, кафеаните и воопшто гужвата во затворен простор се најголеми пренесувачи на зараза, додека во градинките –што е научно докажано, за децата поопасен е обичниот грип, отколку короната, рече Пановски.

Според него маската во затворен простор е закон и треба да се носи.

-Декларацијата на Грејт Барингтон која дава насоки базирани на научни факти е релевантна за сегашната состојба кај нас а тоа е дека големите затварања даваат повеќе негативни отколку позитивни ефекти во борба со вирусот, рече Пановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот