Д-р Пановски: Мерката од 45 дена не постои никаде во светот, непочитување на вакцините е ако се даваат без потреба

Никола Пановски фото архива на Слободен печат

Се согласувам дека и прележаните треба да се вакцинираат, меѓутоа да им се даде рок, најмалку како во Грција од шест месеци. Тие ако сакаат одма можат да се вакцинираат,  но да им дадеме рок од шест месеци, бидејќи мерката од 45 дена не постои никаде во светот, вели во интервју за Тера,  професорот и микробиолог Никола Пановски.

-Најригорозно е во Грција, се признава шест месеци од прележување, во другите земји девет месеци, а во Данска и Швајцарија дури 12 месеци. Ако сакаат медицина базирана на докази, нека објаснат зошто 45 дена, дали во Швајцарија и во Данска не знаат, дали цела Европска унија не знае, и да не се повикуваат на Светската здравствена организација бидејќи тоа не е така. Светската здравствена организација вели најрано по месец дена прележаниот може да се вакцинира. Тие го преведуваат кај нас дека мора да се вакцинира или нема да му дадеме посетивост. Има голема разлика, тоа е потрошувачка на вакцини, непочитување на вакцините ако ги давате без потреба, во таа смисла и да не им се дава на антиваксерите материјал“ вели д-р Пановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот