Д-р Никола Пановски: Веднаш да се врати полицискиот час од 21 часот и да се контролира движењето во ризичните подрачја!

Доктор Никола Пановски за ,,Слободен печат” тврди дека веднаш треба да се врати полицискиот час од 21 часот и да се контролира движењето во ризичните подрачја каде што има најголем број заразени. Според него, мерките за олабавување не смеат да се носат политички.

-Јасно е дека мерките беа политички одлуки и фала Богу дојде и шамарот. Комисијата за заразни болести да се води по науката и струката. Според мене, воопшто не требаше да ги олабават мерките. Значи, полицискиот час веднаш треба да се врати од 21 часот и да не биде дозволено шетање цела ноќ. Исто така, веднаш да се спроведе контрола во ризичните подрачја. Дали ризичните подрачја се контролираат никој не знае. Не може да доаѓаат во Центар кога ќе им текне, туку само по потреба. Совеста на граѓаните да се искачи на повисоко ниво и да се казнува. Каде беше вчера полицијата во Кочани, да ги казнува тие што ги гледавме на фотографиите како во кафуле не ги почитуваат мерките? Зошто носат одлуки што не можат да ги спроведат?, ни рече доктор Пановски.

Според него, бројот од понеделник може да се искачи и на 100 дневно, ако се земе предвид дека инкубацискиот период на коронавирусот е од седмиот или осмиот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот