Д-р Никола Пановски: Додека не дојде вакцина учениците да продолжат со онлајн настава

Сè уште е рано за учениците да почнат да се враќаат на физичка настава, макар и само за тестирање. До јуни треба да продолжи онлајн наставата, како што веќе започна второто полугодие – вели во разговор со „Слободен печат“ микробиологот д-р Никола Пановски,

Иако второто полугодие продолжи со хибриден модел, односно учениците над трето одделение повторно следат настава на далечина, сепак како што дознава „Слободен печат“, во некои од училиштата во Скопје наставниците веќе најавуваат постепено враќање во училишните клупи.

Конкретно, во училиште во Карпош на учениците им е најавено дека тестовите сега ќе се вршат со физичко присуство, со што полека ќе започне враќање на учениците на традиционалниот начин на учење.

– Сметам дека до јуни треба учениците да продолжат со онлајн настава. Треба да биде онлајн и не верувам дека тоа ќе се промени. Додека не дојде вакцина треба да биде вака. Не гледам разлика од состојбата сега и во септември. Исти се бројките на новозаболени со тие што беа во септември. Точно е дека се бројките се намалуваат малку, и треба да продолжат така, а за да не ни се повтори во април или мај ситуацијата како во октомври и ноември, онлајн наставата треба да продолжи – вели д-р Пановски за „Слободен печат“.

Матуранти од повеќе градови утринава со целосен бојкот на наставата

ВИДЕО | Најавените реформи во образованието и забелешките на професорите по ликовно и музичко образование

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот