Д-р Митов: Не смееме да не оставиме простор за еден мал Х, сепак се работи за вирус кој не ни е познат

Макрон имаше обраќање до нацијата, САД со радикални мерки, Борис Џонсон со долга седница на Владата, Македонија со препораки…

-После Италија загрижувачки е дека истиот тренд може да се префрли во Шпанија. Вирусот слободно шета, се шири од луѓе на луѓе и некои од мерките не го засегаат. Духот е излезен. Во Италија најверојатно не се фатени сите случаи. Се случува нешто во позадина, кое ќе го видиме во наредните денови. Ќе ја земам и Македонија како пример и дискрепанцата која загрижува. Имаме официјално потврдени девет случаи, а де факто можеби имаме над 50. Главната вина е во бројот на детектирани случаи односно направени тестови, вели д-р Митов во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Информацијата дека во Вухан се затвори последната болница со пациенти од коронавирус е охрабрувачка вест, но сега кризата е префрлена во Европа, а и Јужна Кореја, која за брзо време детекрираше пациенти заболени до Ковид- 19.

-Не е тајна дека Јужна Кореја тоа го правеше најмасовно. Затоа можеби имаат најдено и најмногу случаи од една страна, но и најмалку смртни случаи во исто време. Не смееме да не оставиме простор за еден мал Х. Сепак станува збор за еден нов корона вирус, кој што сосема не ни е познат, неговото однесување се уште не ни е јасно, потенцираше Митов.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот