Д-Р Милен Врабевски: Македонските граѓани ќе се вакцинираат и во Бугарија

вакцинација против ковид
Вакцинација против ковид. / Фото Архива на Слободен печат

Бугарската клиника „Комак Медикал“ од денеска започнува со вакцинација и на македонски граѓани со вакцините „Фајзер“ и „Модерна“. Најавуваат дека никој нема да биде вратен.

Македонските граѓани од денеска ќе можат да се вакцинираат и во соседна Бугарија. Ваквата можност ја најави бугарската агенција БГНЕС, која објави дека бугарската клиника „Комак Медикал“ започнува вакцинирање на сите македонски граѓани без ограничувања со вакцините „Фајзер“ и „Модерна“ против ковид-19.

Од претставништвото на бугарската клиника за испитувања на лекови во Скопје за ДВ потврдуваат дека вакцинацијата е од денеска во 14 часот. Ќе се изврши во клиничкиот центар на компанијата во дворот на Александровската болница.

Ова го потврди и познатиот бугарски филантроп д-р Милен Врабевски преку социјалната мрежа фејсбук и соопшти дека веќе ги поднел потребните документи за создавање на центар за вакцинација во склоп на неговата компанија „Comak Medical“ наменет и за  граѓаните на РС Македонија, кои сакаат да се вакцинираат.

„Доставив документи за формирање центар за вакцинација во склоп на мојата компанија „Комак Медикал“, само за да им овозможам пристап до вакцинација на нашите браќа и сестри од РС Македонија (секако за оние што сакаат).

Од утре во 14:00 часот мојот тим ќе биде подготвен да го започне процесот на вакцинација со производите на Pfizer и Moderna.
Ќе можеме да издаваме сертификати само на луѓе кои имаат бугарски матични броеви и бугарски документи, но нема да вратиме никој што сака да се вакцинира!
За регистрација и организирани посети, ве молиме користете ги контактите на канцелариите на „Комак Медикал“ во Софија и Скопје, како и контактите на Фондацијата „Бугарска памет“
Вакцинацијата ќе се изврши во клиничкиот центар на „Комак Медикал“ во дворот на Александровска болница – Софија“, напиша д-р Милен Врабевски на својот профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот