Д-р Мехмедовиќ версус д-р Даниловски: Не е добро ако луѓето намерно се заразуваат со омикрон

Д-р Злате Мехмедовиќ / Фото: Слободен печат

Д-р Злате Мехмедовиќ во разговор за „Фокус“ вели дека никој не може со сигурност да каже дека омикрон ќе биде последната варијанта со која ќе заврши пандемијата.

– Мислам дека сериозен проблем претставува промовирањето на тезата за намерна експозиција на оваа условно кажано „лесна-блага“ варијанта на вирусот со цел да се создаде суперимунитет, па дури се промовира и да не се носат маски на затворено, да нема затворање на рестораните и кафаните, како и да не се користат ковид сертификати, објаснува д-р Мехмедовиќ за „Фокус“.

Според него, повеќето луѓе ги поминале последните две години борејќи се да го избегнат ковид 19, а сега некој ги потикнува да го направат спротивното.

– Таквата девијантна логика е налик на логиката со која родителите намерно ги изложуваат своите деца во средина каде има сипаници за да создадат имунитет, што е апсолутно погрешно. Кажавме дека омикрон е неверојатно високо пренослив и многу луѓе, прележани, вакцинирани и невакцинирани ќе се заразат за време на овој бран, додава доктор Мехмедовиќ.

Доктор Мехмедовиќ останува на ставот дека ако луѓето намерно се заразуваат очекувајќи дека омикрон варијантата е полесна, потенцијално ќе предизвикуваат синџир на пренос (домино ефект) и ќе го преплават веќе преоптоварениот здравствен систем.

ВИДЕО | Д-р Мехмедовиќ: Омикрон се шири бргу, последиците допрва ќе се анализираат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот