Д-р Мехмедовиќ: Мерките се задоцнети, ова е „присилна“ вакцинација

Д-р Злате Мехмедовиќ во гостување на ТВ Телма / 22 ноември 2021 / фото: Телма/принтскрин

Д-р Злате Мехмедовиќ во вечерашното гостување на ТВ Телма изјави дека предложените мерки за задолжителна вакцинација на административците и здравствените работнивио се носат во „пет до 12“, како и дека немаме некои опции или искуства од околните земји кои што можеме да ги примениме.

„На пример, Австрија го одложи тоа за во февруари кога ќе го направи како задолжителна вакцинација, како и Индонезија и Малезија“, рече тој во емисијата „Топ тема“ околу предлог-мерките за справување со епидемијата во земјава.

Според д-р Мехмедовиќ, наведените земји до февруари ќе имаат период од четири месеци со кои ќе можат да оперираат со ваквите правни проблеми.

Мехмедовиќ наведува дека ова е „присилна“ вакцинација, ако сакаме да се изразиме вулгарно.

-Нема полош начин од тоа на некој да го натерате, да му наложите да се вакцинира. Околу ПЦР-тестовите на трошок на работодавачите, сметам дека нема да промени многу, затоа што веројатно на луѓето ќе им дојде преку глава од постојано тестирање во текот на неделата, макар и бесплатно, потенцира д-р Мехмедовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот