ВИДЕО | Д-р Литовски: Признавањето на бугарски корени е исто како да речеме дека сега сме Бугари

Гледаме дека се појавуваат историчари аматери и се прави една општа атмосфера на притисок. Од тоа нема бегање. Тоа е составен дел од нашето општество. Би било подобро кога не би било волку напнато, но ситуацијата е таа каква што е. Но човек мора да седи и да не се возбудува многу за сите глупости што ги слушаме за историски теми. Се изнаслушавме разно-разни глупости и тоа е тоа, изјави во Утрински брифинг д-р Александар Литовски, историчар.

На никому не му е сеедно друг да му ја толкува историјата. Овде кај нас не се работи само за Втора Светска Војна. Бугарија го има Сан-стефанскиот сон и секогаш ќе ја тера таа политика. Дури и ние да и попуштиме, по 6 месеци ќе следи нова блокада. Тие имаат геостратешки цени поврзани со санстефанскиот сон. Според тоа, решението не е во попуштање на барањата на Бугарија и тие што ја знаат историјата на бугарската политика ќе го потврдат ова што го говорам, вели Литовски и додава дека крајната цел на бугарската политика е освојување на Македонија.

Национализмот и националните држави се силни. И во Европа е во пораст и она што звучи ЕУ без гранции, во пракса не постои. Официјалната бугарска политика е сосема поинаква и се во филмот на големо-бугарскиот сон. Ако признаеме дека имаме бугарски корени е исто како да речеме дека сега сме Бугари. Историјата е дел од националниот идентитет.

Целиот разговор со д-р Литовски погледнете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот