Д-р Костов за самоубиството: Страшно и тажно, беше пациент под психијатриски надзор

Пациент на 71 годишна возраст, утринава нешто по 7 часот, си го одземал животот скокајќи од зградата на ГОБ „8 Септември“, потврди за „Слободен печат“ директорот на болницата, д-р Христијан Костов.

Останаа крвави траги: Се самоуби ковид пациент со скок од првиот кат на болницата „8 Септември“

– Страшно и многу тажно. Станува збор за пациент кој беше под психијатриски надзор, со неколку прегледи од психијатар и терапија. Не ми е јасно како успеал да се ослободи од креветот. Со него во собата имаше уште еден пациент. Ја искористил петнаесетминутната пауза после визитата, кога немало никој во собата и си го одземал животот. Беше на интензивна нега, тешка слика на пневмонија, хоспитализиран седум дена. Нонстоп беше на терапија, ни рече доктор Костов.

Преземени биле реанимациони постапки, по што дежурна екипа во 7 часот и 30 минути утринава констатирала смрт. Известени се сите надлежни институции Министерството за здравство, МВР и јавен обвинител. ДСЗИ прави надзор на лице место и телото е предадено на обдукција. По завршувањето на инспекцискиот надзор се најавуваат повеќе информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот