Д-р Костов: Испишавме 15 пациенти, а примивме 8 изминатото деноноќие

Директорот на ГОБ 8 Септември доктор Кристијан Костов, вели дека утринава од ковид центарот се испишани 15 пациенти чија клиничка слика била значително подобрена по третманот што го добиле во болницата.

-Синоќа имаме 8 приеми, а утринава испишавме 15 пациенти чија клиничка слика е добра. Починати се двајца изминатото деноноќие. Едната пациентка која почина беше донесена со бубрежна инсуфициенција но и позитивна на ковид. Вкупно имаме 24 респиратори во болницата, а од нив 6 се зафатени. Позитивни се околу 100 пациенти, а околу 80 на кислородна поддршка. Со персоналот, засега добро се држиме, бидејќи дел од оние што беа позитивни се негативизирани и вратени на работните места. Сите лекови ги имаме, дури и најскапите, како на пример ,,актемра”, лек што се дава на најтешките пациенти со цитокинска бура и пневмонија, и чини 100.000 денари од доза, дури и тој лек го имаме обезбедено преку донации, вели директорот.

Од истиот лек донација е обезбедена и за Инфективната клиника.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот