Д-р Кон: Воведување на вонредна состојба во Србија не е опција

Предраг Кон / Фото: Принтскрин / Јутјуб / Happy TV

Епидемиологот Предраг Кон изјави дека воведување на вонредна состојба во Србија засега не е опција и дека за тоа не се размислува, односно дека од однесувањето на граѓаните ќе зависи во кој правец ќе се развива епидемиолошката слика.

Во наредните денови тој очекува дека ќе дојде до зголемување на активноста на вирусот и дека дневно ќе има троцифрен број на заразени, меѓутоа тој број би требало да биде под 200.

Како што Кон изјави за РТС, најголем број на заразени има во Белград, а засега проценка е дека најголема трансмисија на болеста има кај популацијата со старост од 20 до 40 години.

Кон додаде дека минатата недела коронавирусот е откриен во 25 училишта, но дека се сите случаи кои добро се набљудуваат.

„Ако не успееме да задржиме добар надзор во училиштата, тогаш може да дојде до рестриктивни мерки во некои од нив, но тоа моментално не е опција. Ако дојде до влошување, во некои училишта не е невозможно да се премине на онлајн настава, но тоа не се однесува на сите училишта“, рече Кон.

На прашањето за лекот ремдесивир кој од денеска е достапен во Србија, Кон објасни дека тој не помага во самото спречување на епидемијата, туку евентуално може да им помогне на веќе заразените, и повтори дека затоа „инфектолозите инсистираат да не се зборува многу за тоа“, но дека секако „добро е што го има“.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот