Д-р Кон: Јавниот превоз е идеално место за пренесување на коронавирусот

Кој влегува во јавниот превоз без маска јавно и намерно бојкотира анти-епидемиски мерки, вели епидемиологот и член на Кризниот штаб на Србија, д-р Предраг Кон.

– Во ситуација кога средношколците се во транспорт, тоа им испраќа сосема погрешна порака – напиша Кон на својот Фејсбук профил.

Тој посочи дека јавниот превоз е идеално место за пренесување на вирусот и дека само заедно можеме да го забавиме овој вирус и да спасиме што е можно повеќе животи.

– Носете маски во сите ситуации кога тоа е пропишано – рече Кон.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот