Д-р Кочиај со апел до албанските власти: Разбудете се од сонот, отворете ја четвртата ковид болница

Доктор Дритан Кочиај од ковид болницата „Шефќет Дроќи, утрово во 3:00 часот упати апел до надлежните да отворат нови болнички капацитети затоа што „болните остануваат во дворот на болниците во амбулантни возила”.

Во апелот упатен до премиерот Еди Рама, минстерката за здравство Огерта Манастирлиу и Комитетот на експерти за справање со пандемијата стои „разбудете се од сонот, отворете ја четвртата ковид болница”.

-Во болниците нема слободен кревет. Само во дворот на болницата „Шефќет Ндроќи” или ковид два болницата, има шест амбулантни возила со болни во критична состојба. Разбудете се од сонот, отворете ја четвртата ковид болница. Под итно се потребни болнички легла, апелира докторот.

Албанските медуми пренесуваат снимки и наведуваат дека пред болницата и понатаму се абмулантните возила а роднините на болните се крајно револтирани.

Прочитајте и...  Абе призна: Се води истрага за финансирање на спорната вечера

-Во неколку наврати забележани се обиди роднините насилно да влезат во болницата. Во трите ковид болници, според вчера соопштените податоци на ресорното министертво хоспирализирани се 434 и оти се уште има слободни места. Но, се чини дека не е така, констатира Ора њуз телевизија.

Во меѓувреме Топ чанел, повикувајќи се на извори од ресорното министерство, објави дека утре се отвора трето одделение во третата ковид болница во кое има 50 легла, а следните денови и четвртата ковид болница со 100 болнички кревети.

Поврзани вести

Втор напад на Израел врз Сирија за седум дена: База во јужниот дел на Дамаск како мета на проектилите

Слободен печат

ВИДЕО | Бурнс: Навремената и точна информација во време на ковид-19, подразбира и зголемен ангажман

Слободен печат

Инцко: Дејтон се политизира, пораките на негирање на БиХ доаѓаат од Република Срспка

Слободен печат

Здравев: Eдногласно судскиот совет утврди Кацарска да биде наш предлог до Собранието

Слободен печат

Додик: Инцко е монструм, ги мрази Србите, сакаме да си замине

Слободен печат

Фазлији: Занаетчиите погодени од корона-кризата, очекуваат дополнителна помош со следниот пакет мерки

МИА Агенција

Остави Коментар