Д-р Сашко Кедев: Пандемијата со Ковид-19 ги исфрли на површина неконзистентните и конфузни здравствени политики (ВИДЕО)

Пандемијата со Ковид-19 ги исфрли на површина неконзистентните и конфузни здравствени политики. Несоодветните и популистички економски мерки, базирани на неодржлива презадолженост на државата. Како и многуте слабости во функционирањето на правната држава и институциите на системот, истакна д-р Сашко Кедев во предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ.

– Имајќи ја во предвид непредвидливата иднина од здравствен и од економски аспект со која што ќе се соочиме во претстојните месец, а можеби и подолго, на 15 јули граѓаните ќе имаат воглавно две можности. Да ја поддржат сегашната тотална конфузија во здравството, несоодветните и нестручни економски политики и се разбира неодржливата презадолженост на државата. Или да гласаат за обнова на Македонија. Обнова спроведена од докажани стручни, компетентни и професионални кадри- вели д-р Кедев во видеото кое го објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот