Д-р Исјановски се откажа од советничкото место: Треба човек да има образ и да биде скромен

д-р Виктор Исјановски /Фото: Утрински брифинг

Директорот на Здравствен дом, доктор Виктор Исјановски се повлече од советничкото место во скопската општина Карпош, каде што беше и носител на листата, вели тој во изјава за Локално.

-Пред се помислив да не има некој конфликт на интереси бидејќи сум на позиција на една голема државна функција како директор на Здравствениот дом-Скопје имам доста ангажамани со пандемијата како и во моментов со вакцинацијата за сезонскиот грип. На изборите освоивме осум советнички места во општината Карпош, кажа Исјановски.

Треба човек да има образ и да биде скромен, сепак сум директор и професор на Медицинскиот факултет имам повеќе ангажмани и би било во ред спрема партијата и граѓаните да го отстапам местото на следниот кандидат, додаде тој.

И директорката на Универзитетската клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, која ја предводеше советничката листа на СДСМ за Град Скопје на локалните избори, се повлече од Советот на град Скопје поради како што кажа таа, професионални обврски.

Д-р Софија Пејкова се повлече од советничката функција во Град Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот