Д-р Хасани: Имаме 2.000 скафандери за обезбедување физичка бариера меѓу пациентот и медицинскиот персонал

Илир Хасани, директорот на ТОАРИЛУЦ ((Kлиника за Tрауматологија, Oртопедски болести, Aнестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар)) во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ истакна дека и лекарите се подложни на коронавирус, затоа е потребно внимателност при релација пациент- доктор и обратно.

Доктор Хасани вели ТОАРИЛУЦ е подготвено доколку дојде до комплицирани случаи на заразени од Ковид 19 и иако нема ниту еден  заразен пациент или лекар, адаптирани се протоколите.

-Во овој период преземавме агресивни и активни мерки, припрема за се да тече во најдобар ред, во моментот кога ќе го добиеме првиот пациент. Направивме комисија за Ковид 19 и ги адаптиравме сите протоколи за однесување со пациенти заболени со Ковид 19. Немаме одредено одделение затоа што немаме пациенти, имаме простории но немаме пациенти. Имаме 3 степени на однесување на медицинскиот персонал во различни ситуации. За пациенти кои немаат знаци, ги применуваме постоечките протоколи, инфомира Хасани.

Тој вели докторите располагаат со специјална облека и специјални маски, односно скафандери за обезбедување на физичка бариера меѓу пациентот и медицинскиот персонал.

-Такви скафандери имаме во клиниката. Има релативно доволно скафандери, бидејќи релативен е и бројот на заболени со кои ќе се соочиме. Пратки со скафандери ни пристигнуваат секој ден, но секако тоа зависи од бројот на пациенти кои ќе имаат потреба од интензивен медицински третман. Тоа сепак зависи од бројката. За 10.000 пациенти секако дека немаме, но до 2.000 пациенти имаме“ изјави докторот.

Тој потенцира дека не постои пракса на дезинфицирање на скафандерите бидејќи тие треба да се стерилизираат, како диркетно контаминирани со вирусот.

-Не можеме да ги шетаме бидејќи би ја ширеле инфекцијата. Тие се за една употреба, се соблекуваат во посебна просторија и се носат на горење на медицински отпад. Со таа облека во ниту еден момент, медицинското лице не може да јаде или било што друго. Препораката до докторите е пред да се облече да се пие по литар и пол вода бидејќи во нив може да се биде до 6 часа, објасни Хасани.

Бидејќи експертите сметаат дека Македонија е на почетокот на епидемијата и се очекува кривата на епидемијата да се зголемува, вработените во ТОАРИЛУЦ се поделени во две големи групи, а во моментов се работи само со исклучителни заболувања на пациенти кои не чекаат време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот