Д-р Грозданова: Комбинирањето на вакцините го зголемува имунолошкиот одговор на ковид-19

Коронавирус Вакцинација Македонија Борис Трајковски
Вакцинација во вакциналниот пункт во СЦ „Борис Трајковски“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во моментот тоа што го гледаме како искуства и како препораки и од страна на Американскиот центар за контрола и превенција од болести и на европските регулаторни тела е дека комбинирањето на вакцините против ковид-19, особено давањето трета доза, во случајот кај нас тоа ќе биде „Фајзер“ со други претходно дадени од различен тип, дури и го зголемува, односно го проширува, имунолошкиот одговор, истакна денеска претседателката на Комитетот за имунизација, Александра Грозданова.

Таа посочи дека во однос на препораката за трета доза да биде вакцината на „Фајзер” го гледале искуството и од неколку студии кои веќе завршиле и неколку кои се во тек.

– Во Европската Унија кај 500 илјади граѓани кај кои беше дадена првата доза од „Астра-Зенека” во моментот кога таа беше препорачана за одредена возрасна група, веднаш дадоа препорака како втора доза уште во периодот од летото да се користи „Фајзер”, што значи комбинацијата на „Астра Зенека”, аденовирусната вакцина и „Фајзер” веќе постои и имавме искуства и видовме дека дури дава и одличен имунолошки одговор. Во однос на другите искуства веќе неколку месеци од летото Обединетите Арапски Емирати и Турција ги комбинираат кинеските вакцини како трета ја даваат вакцината на „Фајзер”. Исто така нивните резултати покажаа одлична заштита која ја обезбедува вакцината на „Фајзер” особено кон делта сојот, рече д-р Грозданова.

Извор: МИА

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот