Вакцинација /фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Д-р Грозданова: Ако дете на 2 години вчера ја примило третата доза на вакцината ДиТеПер, за шест месеци најрано може да прими ревакцината и да се врати во градинка

Од 11 март е забранет прием во градинките, на невакцинирани и нецелосно вакцинирани деца со ДиТеПер вакцината, а министерот за здравство Илир Демири денеска кажа дека на утрешниот состанокот на Комисијата за заразни болести треба да биде појасно за родителите и за вработените во градинките во Скопје дали забраната за прием на невакцинирани деца со ДиТеПер важи за тие што не се вакцинирани или и за тие што не ја примиле ревакцината.

– Ако дете на 2,5 години кое досега не било редовно вакцинирано, вчера ја примило третата доза на ДиТеПер вакцината, најрано што може да ја прими ревакцината е за шест месеци и тогаш да појде во градинка, вели д-р Александра Грозданова, претседателка на Националниот комитет за имунизација во вечерашното гостување на Топ тема на ТВ Телма.

Д-р Катерина Ставриќ од Клиниката за детски болести рече дека пандемијата со ковид-19 заврши пред една година, и родителите имаа доволно време да ги надоместат пропуштените дози на вакцини, а не како сега, приоритет е градинката и сите брзаат да ги вакцинираат децата.

На прашањето дали можеби треба да се промени одлуката во однос на тоа да се дозволи деца да одат во градинка без ревакцината, д-р Грозданова, д-р Ставриќ и д-р Злате Мехмедовиќ, кој е портпарол на Комисијата за заразни болести одговорија негативно.

„Ова е Календар за имунизација во цел свет, не е само кај нас“, кажа д-р Мехмедовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот