18 C
Скопје

Д-р Горан Николов: Метаболизмот и брзата храна – виновници за дебелеење кај жените после 30-та година од животот

Околу триесеттите години метаболизмот кај жените почнува да се забавува, телото полека се менува, полесно се добиваат килограми, а сѐ потешко се губат, вели д-р Горан Николов, специјалист интернист-супспецијалист кардиолог од ПЗУ „Центар за внатрешни болести Срце“.

Во четвртата деценија жените се жалат на вишок килограми, поради што потполно треба да се избегне прејадувањето, земањето грицки, пецива, калорична и мрсна храна. Повеќето жени после триесеттата година имаат проблеми со зголемување на телесната тежина. Најчесто се жалат дека сè што ќе изедат им се „лепи“, дека помалку јадат, а повеќе се дебелеат и дека имаат константно чувство на надуеност на стомакот.

д-р Николов: Жените вишокот на килограми не треба да го препишуваат на генетиката, зашто не мора да изгледаат како своите мајки и баби, туку е потребно да се хранат поинаку.

Во што е всушност проблемот? Објаснувањето на лекарите е дека метаболизмот кај жените со годините се забавува, а телото е склоно кон забрзано дебелеење. Станува збор за метаболно нарушување, бидејќи во четвртата деценија кај жените хормоните почнуваат поинаку да функционираат. Само 25 % од жените имаат „подесен“ метаболизам, односно немаат склоност кон дебелеење, а со самото тоа имаат идеална телесна тежина. Сите останати имаат проблеми поради дебелеење и вишокот на килограми, додека некои пак и слабеат. Девојките главно јадат брза храна и имаат лоши навики во исхраната, па кога ќе ја поминат триесеттата веќе не можат да го запрат зголемувањето на килограми. На жените најтешко им паѓа натрупувањето на масти околу стомакот бидејќи тешко се симнуваат. Во тој случај тие мора да бидат на посебен режим на исхрана, како и да се справат со нездравите навики каква што е физичката неактивност. Вежбањето помага во одржување на добра фигура на телото, но проблемот е во тоа што жените поради многубројните обврски немаат доволно време ни пари, за да се занимаваат со тоа. Всушност, неактивноста е една од причините за брзо дебелеење, затоа стручните лица за жените во триесеттите години советуваат: потребни се повеќе прошетки или некаква друга физичка активност, но и помали порции на храна, затоа што на тој начин се спречува брзото дебелеење. Тоа е најдобриот начин во борбата со забавениот метаболизам.

Прочитајте и...  Лесно влегуваат во долгови и не знаат за доста: Овие 5 хороскопски знаци се најголемите трошаџии

Околу триесеттите години метаболизмот кај жените почнува да се забавува, телото полека се менува, полесно се добиваат килограми, а сѐ потешко се губат. Тоа е воедно и вистинското време за промена во нутритивните навики и стилот на живеење за да се избегне постепеното наталожување на килограми. Секако дека е важна консултација со нутриционист за да се пресметаат вистинските калориски и нутритивни потреби. Во таа прилика треба да се направи квалитетно мени за работната недела и деновите за викенд и да им се објасни што да јадат пред и после физичката активност. Треба да се биде искрен кон себеси и да се променат навиките.

Постои храна што може да предизвика сериозни метаболни и репродуктивни нарушувања. Жените денеска се одлучуваат да родат бебе во доцните години од животот, па затоа е многу важно да останат здрави. Младите жени околу триесеттата година се фокусираат на кариерата, повеќе време поминуваат на работа, под стрес, помалку спијат. Сè тоа влијае на промените во метаболизмот, а посебно лошата исхрана, намаленото движење и скратениот сон. Докажано е дека недостатокот на сон ги зголемува килограмите.

Прочитајте и...  На денешен ден - 3 март

Земањето на препорачаните дневни количини на калциум зависи од возраста. Околу триесеттите години, треба да се зголеми внесот на калциум во исхраната, зашто на таа возраст почнува да се намалува густината на коските. Најдобро е земањето калциум преку храна, но понекогаш во консултација со лекарот треба да го земате во вид на суплементи. Потполно треба да се исфрли прејадувањето, консумирањето брза храна, грицки, пецива од фурна, калорични и масни храни. Секојдневно треба да се внесуваат млечни производи, месо, јајца, зеленчук и овошје. Производите од белото брашно треба да се заменат со интегрално. Секоја грешка и опуштање брзо се воочуваат, а потребно е подолго време за да се симнат вишокот килограми.

Прочитајте и...  Кумата на Путин влегува во политика: Русија и Украина на работ на нова војна?

Жените во четвртата деценија треба да заборават на брзите диети, гладувањето и земањето одредени намирници. Секоја погрешна диета или исхрана дополнително го влошува метаболизмот. Затоа е потребно да се јадат малку повеќе незамастени протеини за да се поттикне метаболизмот да ги согори мастите. Жените вишокот на килограми не треба да го препишуваат на генетиката, зашто не мора да изгледаат како своите мајки и баби, туку е потребно да се хранат поинаку. Покрај тоа важно е да се прават контроли на здравјето затоа што дебелината може да биде причина за различни болести.

Центар за внатрешни болести „Срце“, телефони 02/3217-016, 071/319-208.

 

Поврзани вести

Кипарската црква и влада во „клинч“ поради избраната песна за Евровизија

Слободен печат

Славните под обвиненија за силувања: Тој беше предатор, а јас бев девојче

Слободен печат

Џоди Комер и Хоакин Феникс во новиот филм за Наполеон

Слободен печат

Што не треба да се јаде и пие кога се земаат антибиотици?

Слободен печат

Дино Мерлин: Поради тешката болест бев како билка

Слободен Печат

Британски таблоид треба да и исплати отштета од половина милион евра на Меган Маркл

Слободен печат

Остави Коментар