Д-р Енвер Идоски, специјалист по интерна медицина, супспецијалист кардиолог: Ризик-фактори за појава на кардиоваскуларни заболувања

Д-р Енвер Идоски
Д-р Енвер Идоски / Фото: Промо

Кардиоваскуларните заболувања се чести, но не неизлечливи. За краток временски период пациентите ќе можат да се вратат дома и да продолжат непречено да си ги извршуваат своите обврски водејќи квалитетен живот.

Кардиоваскуларните заболувања се најчестата причина за смрт како во светот така и во нашата држава. Од сите кардиоваскуларни заболувањa, како причина за смрт во најголем процент се последиците на атеросклерозата (миокардниот инфаркт и мозочниот удар). Основните ризик-фактори за појавата на кардиоваскуларните заболувања се: висок крвен притисок – хипертензија, високо ниво на холестерол, шеќерна болест, пушење, генетски предиспозиции, стрес, инфекции, ревматизaм.

Високиот крвен притисок е еден од главните виновници што водат до КВБ, па оттука е многу битно да се одржува во нормала. Во кои случаи е неопходно да се започне со медикаментозна терапија?

Д-р Идоски: Хипертензијата е болест што често не дава никакви симптоми, а подмолноводи до оштетување на крвните садови. Оптималниот крвен притисок е: систолeн < 120 mmHg, а дијастолeн < 80 ммHg. При крвен притисок повисок од 140/90 mmHg, неопходно е да се започне со терапија. Доколку немедикаментозните препораки како намалена употреба на сол во исхраната (максимум 5 г) и зголемената физичка активност, не доведат до намалување на притисокот, задолжително е покрај нив, вклучување и на медикаментозна терапија. Изборот на лекот зависи од придружните заболувања. Кај некои пациенти доволен е само еден лек за нормализирање на притисокот, а кај други потребни се повеќе лекови. За соодветна контрола на крвниот притисок, потребно е негово редовно следење. Постои и 24-часовен мониторинг на крвниот притисок.

периферни артерии
Периферни артерии / Фото: Промо

Се наоѓаме на прагот на летото – како летните температури се одразуваат врз работата на срцето?

Д-р Идоски: Во летниот период од топлината настанува вазодилатација (ширење на крвните садови), поинтензивна е загубата на течности и минерали и како резултат на тоа се намалува крвниот притисок, па чести се колапсните состојби. Влагата и нискиот атмосферски притисок го намалуваат потењето, што го оптоварува срцето и тогаш тоа работи како да е под физички напор. Поради овие причини потребна е повторна корекција на кардиолошката терапија, но пак ќе напоменам корекцијата се прави од кардиолог по направен комплетен кардиолошки преглед (ЕКГ, ехокардиографија, по потреба 24-часовен холтер за следење на крвниот притисок и 24-часовен холтер ЕКГ-мониторинг). Сите овие иследувања се достапни во клиничката болница „Жан Митрев“, секој ден и без чекање. Секако и терапија и совет за понатамошен третман врз основа на добиените резултати и метеоролошките услови.

Д-р Енвер Идоски
Д-р Енвер Идоски/Фото: Промо

Кои се симптомите што упатуваат на специјалистички преглед кај кардиолог? Кога е време да се посомневаме и да реагираме неодложно, сериозно да ја сфатиме состојбата во која се наоѓаме?

Д-р Идоски: Пациентите што веќе знаат дека имаат кардиоваскуларно заболување и забележат дека срцето не им работи рамномерно како порано, дека чука забрзaно, прескокнува или пак притисокот им се зголемува/намалува и покрај редовно земaње терапија препишана од кардиолог, ако почувствуваат отежнато дишење или болка, стегање во градите или недостиг на воздух веднаш да се јават на кардиолог. Додека, пак, луѓето кај кои не е дијагностицирано срцево заболување, a имаат некој од веќе споменатите ризик-фактори или немаат, а почувствуваат болка во градите во вид на стегање, гушење, недостиг на воздух, болка во левата рака или долната вилица посебно при физичко оптоварување, погрешно е мислeњето дека е од времето, дека не е страшно, и да не преземат ништо. Напротив, треба сериозно да се сфати таа состојба. Наглата временска промена е таа што предизвикува стрес на кардиоваскуларниот систем и веќе довела и клинички да се манифестира болеста. Затоа веднаш треба да се направи преглед и да се преземат соодветни мерки.

каротидни артерии
Каротидни артерии / Фото: Промо

Болката во градите треба да се сфати сериозно и да се побара лекарска помош. Како се третираат овие пациенти, какви иследувања треба да се направат при појава на градна болка?

Д-р Идоски: Вашиот кардиолог внимателно ќе ги ислуша вашите тегоби, ќе ви направи ЕКГ и ехокардиографија, тоа е базичниот преглед. Доколку се установи дека станува збор за најчестото кардиоваскуларно заболување – коронарна болест т.е. затнување на крвните садови што го хранат срцето, вашиот кардиолог ќе ви предложи понатамошни иследувања како што е коронарографија – златен стандард за дијагноза на коронарната болест. Во клиничката болница „Жан Митрев“ има два начина за изведување на коронарографијата: едниот е со помош на минимално инвазивната метода – компјутерско снимање со 256 слојни пресечи при што се гледаат крвните садови што го хранат срцето, или со класична коронарографија со катетер. И за двете иследувања престојот во болница е амбулантски, 3-4 часа. Доколку при снимањето се установи затнување на крвните жили на срцето, постојат три начини на решавање на болеста: Со лекови, но само доколку пациентот е дојден во првите неколку часови од градната болка; со поставување стент за отвoрање на затната/запушената артерија; во случај на повеќе затнувања/запушувања кои не се погодни за стентирање и/или пак пациентот има и придружна болест на залистоците на срцето, во консултација со академик д-р Жан Митрев се препорачува хируршки третман.
Во последниов случај коронарографијата и операцијата за пациентите од нашата земја се покриени од Фондот за здравствено осигурување и се бесплатни во Клиничката болница „Жан Митрев“.

Аневризма на абдоминална артерија / Фото: Промо

Тимот на Клиничката болница „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Закажете го вашиот преглед или навремена консултација на 02/3091-484.

 

*Комерцијален текст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот