Д-р Докиќ: Кај некои лица доаѓа го оштетување на капиларите насекаде во организмот, пред сè на белите дробови, во срцето и мозокот

Пулмологот Дејан Докиќ во денешното гостување на ТВ 21 говореше за состојбата со ковид-пациентите кои доаѓаат во болниците и кои треба да се сметаат за потенцијално ризични пациенти.

-Пациентите кои доаѓаат на прием во болница имаат ниска сатурација на кислород и тие треба да се сметаат за ризични. Зошто е тоа така, не може да се каже-вели д-р Докиќ.

Тој истакнува дека кога има голем број на ковид – тестирања, нормално е да има и поголем број на заразени и на починати лица.

-Лицата со ниска сатурација веднаш треба да се стават на висок проток на кислород, тие имаат проблеми со респираторниот систем. Друга група на луѓе имаат проблем со коагулација, кај нив веднаш се зголемуваат вредностите на дидајмерот, настанува коагулација на крвта. Значи  оштетување на калиларите насекаде во организмот, пред сè на белите дробови, во срцето, затоа н екои добиваат инфаркти, потоа во мозокот, може да имаат клиничка слика на мозочен удар или белодробна емболија- вели Докиќ.

Вирусот вели д-р Докиќ е многу подмолен, го измамува имуниот систем.

-Дава погрешна информација на организмот. Тоа е исто како некој центар во ЦИА, кога некој вирус влегува во компјутерот и ја пореметува целата мрежа, идентично се случува и тука, ковид велегува во телото и го ремети целиот програм на одбраната и организмот сосема погрешна информација добива и затоа прекумерно реагира со создавање на тие цитокини и доаѓа до цитогенска бура од која ретко кој се спасува- вели д-р Докиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот