Д-р Дејан Докиќ за Слободен печат: Мали совети со голем ефект за заштита од загадувањето

Маските со ХЕПА филтер со сигурност не ги пропушта канцерогените ПМ честичките 10. Ако се во можност може да се купат и маските кои имаат и дополнителна заштита

Загадувањето на воздухот е причина за најмалку 1.350 смртни случаи во земјава годишно, голем број на хоспитализирани пациенти поради настанати компликации кај хронично болни пациенти како последица на отровниот воздух кој го дишеме во голем број денови. Да се преселиме во друг град во државава нема ефект бидејќи речиси секаде во текот на зимските месеци концентрациите на ПМ честичките се над дозволените, а особено во Скопје, Тетово, Битола и Струмица.

Нашиот познат пулмолог проф. д-р Дејан Докиќ за „Слободен печат“ открива како да ги намалиме штетните ефекти по здравјето од загадениот воздух.

– Ако се следат и доследно се применуваат сите мерки со кои се намалуваат штетните последици од аерозагадувањето секоја по малку, но сите заедно кумулативно ќе дадат на крај поголем ефект во намалувањето на штетните ефекти по здравјето – вели Докиќ.

Пациентите со хронички болести како астма, ХОББ, кардиолошки болести и други хронични заболувања на кои потенцијално најмногу би им сметал загадениот воздухот во деновите со многу големо загадување излегувањето да го сведе на минимум.

– Знам дека тоа е тешко но треба да се размислува практично на пример ако е возможно наместо него да се замоли некој друг роднина, колега, пријател да ги заврши обврските за кои треба да се излегува надвор. Ако веќе се излегува задолжително да се користи маска која минимум има ХЕПА-филтер – препорачува Докиќ.

Маските со ХЕПА филтер со сигурност не ги пропушта канцерогените ПМ честичките 10. Ако се во можност може да се купат и маските кои имаат и дополнителна заштита. Важно е исто така кога ќе помине рокот на филтерот маската да се менува, а не да се користи и по тоа. Да се внимава како се манипулира со овие маски, особено децата каде ги чуваат да не има паѓаат на земја за да не се инфицираат.

– Сите оние кои сакаат да спортуваат во деновите со поголемо загадување да немаат активности на отворено, трчање покрај кеј или по булеварите. Спортувањето треба да биде во затворен простор спортска сала или фитнес центар. Кога имате поголем број респирации, поголем волумен на воздух поминува низ дишните патишта и со тоа се депонираат поголем број на штетни честички – објаснува Докиќ.

Кога се движиме по улиците треба да се одбираат релации каде нема толку многу сообраќај заради концентрациите на издувните гасови од возилата. По враќањето дома корисно е на горните дишни патишта, носот и грлото да се прават промивки со физиолошки раствор со што ќе се измиваат штетните честички.

Тој препорачува да се земаат антиоксиданси, бидејќи загадувачите од воздухот се оксиданси и со овие препарати ќе го намали нивното негативно дејство. Во оваа група влегуваат витамин Ц, Е витамин, препарати како германиум 132.

– Овие антиоксиданти ги има и во храната, но за да се постигне посакуваниот ефект мора да се земат концентрирано – вели нашиот соговорник.

Секогаш кога постои можност треба да се оди во природа на чист воздух, не мора многу далеку од градските средини, доволно е и Водно. Ако имаат финансиска можност во домовите треба да се ставаат прочистувачи на воздух. И тие се со различна цена, но треба да се одберат оние со минимум ХЕПА филтри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот