Д-р Даниловски со низа препораки: Да се заштитат постарите, другите да се остават да прележат, изолација – 5 дена

Драган Даниловски Фото: Screenshot/YouTube

Инфектологот, проф.д-р Драган Даниловски излезе со низа препораки за тоа како треба граѓаните и владите понатаму да се однесуваат кон пандемијата од ковид-19 на која не и се гледа крајот, со оглед на новиот пораст на бројот на заболени и ширењето на новиот сој омикрон.

-Треба да се заштити најранливата категорија – тоа се овие лица над 75 години кои 10.000 пати се изложени на поголем ризик лошо да поминат отколку деца од 15 години. Се друго треба да се пушти да го прележи вирусот или оние кои сакаат да се вакцинираат – да се вакцинираат, рече д-р Даниловски во гостувањето во емисија на ТВ Телма.

Тој смета дека треба да се укинат и ковид пасошите или сертификатите бидејќи, според него се бесмислени.

-Каква смисла има тоа ако јас сум вакциниран со две или три дози кога и јас го пренесувам вирусот. Во старт требаше тие изолации да се скусат на 5 дена, а потоа ако се види дека премногу луѓе се заразуваат, не може половина држава да оди во излација, кој ќе работи и со што ќе се храниме, така што ќе мора да се оди, на пошведски  пристап, смета д-р Даниловски.

Тоа според него значи дека сите оние кои немаат симптоми, а се позитивни да не одат во изолација.

-Едноставно на работно место ако си позитивен стави си маска или две и продолжи со работниот процес, дециден е д-р Даниловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот