Д-р Даниловски: Секој сам да си реши, дали ќе се вакцинира, дали ќе оди во преполни кафеани и да си ги сноси последиците!

Фото: МИА

Професорот на Медицинскиот факултет, доктор Драган Даниловски, смета дека одлуката на Комисијата за заразни болести донесена денеска, да нема нови рестриктивни мерки е исправна.

Тој за „Слободен печат“ вели дека 14 дневната инциденција е 10 на сто илјади жители.

-А зошто мерки на 14 дневна индиценција од 10 на сто илјади жители? Ќе речете, ама за да се забави ширењето. Ако ние дозволивме да нема ПЦР филтри на границите уште пред да навлезе делта варијантата, сега останува само да се идентификуваат и изолираат локални кластери. Ширењето е спорадично, од локален карактер, значи нема епидемиско ширење и општи рестриктивни мерки во таква епидемиолошка ситуација засега не се потребни, изјави доктор Даниловски за Слободен печат.

Тој додава дека по година и половина веќе на сите треба да им стане јасно дека најважно е самите да умееме да се заштитиме.

-Во ситуација кога веќе постои специфична заштита против вирусот, вакцините, и кога тие се достапни секому, депласирано е уште да се решава проблемот со рестрикции! Мораме да сфатиме дека се е до нас, на индивидуално ниво! Секој веќе треба да е самиот одговорен за своето здравје – да одлучи дали ќе се вакцинира или не, да размисли дали ќе влезе во преполна кафеана или клуб, дали ќе појде на свадба или веселба и да си ги сноси последиците! Не може државата до бесконечност да изигрува полицаец и да го покрива неодговорното поведение на поединци и групи, смета доктор Даниловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот