Д-р Даниловски: Делта го пробива и стекнатиот имунитет, меѓу новозаразените сѐ повеќе ќе има вакцинирани и веќе прележани граѓани

Драган Даниловски Фото: Screenshot/YouTube

Вирусот делта го пробива во одредена мера и стекнатиот имунитет, меѓу новозаразените сѐ повеќе ќе има вакцинирани и веќе прележани граѓани, пишува професорот д-р Драган Даниловски во својата колумна.

-Летниов бран стивнува. Ако се случат дополнителни “епидемиолошки важни настани” (така ги викаме стручно) – какви што се настава во живо во школите без тестирање два пати неделно на децата и наставниците со брзи тестови и ако останат невакцинирани членовите на повеќето нивни семејства, како и групирања во затворено понатаму во ладните денови – на овој бран може да се надоврзе есенско-зимски бран. Тогаш летно-есенско-зимската епидемиска крива ќе има облик на двогрба камила.

Но, тој нов бран не би требало да биде со висока амплитуда како сегашниов, затоа што веќе практично „догорува сѐ што беше за горење“. Нема да има веќе доволно гориво. Зошто? Бројот на заразени и вакцинирани сѐ повеќе се зголемува. Тие постепено ќе станат мнозинство, наведува Даниловски.

-Вакцинација ќе им треба само на високо ризичните граѓани. Дотогаш, постоечките вакцини сигурно ќе бидат „апдејтирани“ – прилагодени на делта. Сите други, вклучително и децата, природно ќе си го „билдаат“ имунитетот со повторувани контакти со вирусот (после прележување или вакцинирање) – при тоа поминувајќи без или со сосема лесни симптоми. И делта монструмот полека ќе се сведе на „скротен лав“- исто како што тоа се има случено со неговите сродници, четирите типови на корона вируси што предизвикуваат обична настинка, пишува Даниловски и додава:

-Независно од можната појава на било какви идни мутанти, малку е веројатно повторно да се појави пандемија! Популацијата на планетава не е веќе имунолошки “наивна”. Со короната е завршено.

Регион: Се зголемува бројот на новозаразени од Ковид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот