12 C
Скопје

Д-р Босилков: Потребна е хиперлокализација на политиката која би создала повторна блискост помеѓу луѓето

Доналд Трамп е симптом на една болест која веќе постои, која што го нагризува не само американското општество, туку и целиот свет. Тој дојде во вистински момент, за сите тие незадоволства од економската криза коишто потекнуваа уште од 2008 година до денес, таа демографска промена која се случува во САД, и некако ја нарушува таа воспоставена хиерархија кај што доминира белата раса. И во услови и на безбедносни проблеми поттикнати од тероризмот, Трамп успеа најдобро да ги артикулира тие ставови и тој негов пристап на шоумен, како и на човек што го зборува тоа што го мисли неговиот народ, направи едноставно да се случи такво изненадување да дојде до претседателската фотелја. Но втор мандат ќе беше многу опасно, вовед во катастрофа, зошто човекот почна да ги губи полека конците и тоа се виде со охрабрувањето на нападот на Конгресот, изјави во Утрински брифинг д-р Иво Босилков од Американскиот колеџ во Скопје.

Ова што се случува во Републиканската партија не е распад, туку еволуција водена од општата поларизација, на база на економски и особено културолошките прашања. Сега гледаме дека републиканците, повеќето од нив го поддржуваат Трамп. Десницата во суштина има свои инструментални побуди за да застане позади него. Трамп ми изгледа дека им е гаден, сепак го следат затоа што тука има многу калкуланство, но главната причина поради којашто не се вртат против него, е затоа што тој ги исполни тие ветувања што ги даде на базата на републиканците – која е партија на богатите и којашто е партија за намалување на даноците, за бушење на нафта, уништување на животната средина.

Прочитајте и...  Радев на состанок со шефовите на бугарските специјални служби заради „повреда на правата на Бугарите во Северна Македонија"

Во САД се уште владее таа идеја за „американскиот“ сон, за социјална мобилност, дека ако доволно работиш ќе успееш и не треба голема држава и даноци. Таму либертарјанството во голема мера му помогна на Трамп, но и големото разочарување од демократскиот естаблишмент влијаеше. Има луѓе кои не го сакаат Трамп, но уште помалку ги сакаат Бајден и демократите, вели д-р Босилков.

– Трампизмот како дух и разбирање на политиката ќе продолжи. Раните остануваат отворени и се шират. Но сето ова е резултат на недовербата во либералната демократија која всушност е во распад, а никој нема соодветно решение како би се заменила. Целата идеја дека сега Бајден ќе го замени Трамп и се она што се случувало ќе биде ставено во фиока и повторно ќе се вратат во времето на Обама е само сон, вели д-р Босилков.

Прочитајте и...  Денеска се празнува Светиот великомаченик Теодор Тирон

Некој кој што бил дел од проблемот, како што беше Бајден со Обама, мислам дека тие направија големи грешки, тие беа воведот во Трамп, тие практично му дозволија на Трамп да биде на власт. Така што не сум сигурен дека обединувањето може да го предводи лик како што е Бајден, кој е реално „руина“ од човек. Америка мислам дека пропушти голема прилика со Берни Сандерс и кога почнаа да се појавуваат некакви индикации дека тој може да стане ривал на Трамп политичкиот и медиумскиот естаблишмент се обединија после Бајден.

Рефлексиите во Македонија

Левица еволуираше со текот на времето. Начинот на кој сега е поставена не е одговорот, на де фатко токсичниот бипартизам во Македонија. Од друга страна, тешко е да се најде друг начин за анимирање на разочараната јавност. И тука е главниот проблем. Левица на тоа поле прави нешто и го користи токму тој популизам за да ги разбуричка духовите, ги начнува прашањата коишто му значат на голем дел од народот. Но мислам дека од друга страна не се разликува толку многу во однос на тие две партии, со оглед што го прифаќа партискиот систем и начинот на претставување. Причината поради која што Левица и популизмот се успешни е што постои голема медијатизација на политичката сфера, заедно со, истворемено голема одвоеност на обичните луѓе од политиката и гледање од страна и недостаток од вклученост. Тоа што сметам дека како радикален проект треба да постои на оваа сцена е, на некој начин разнебитување на тој институционален систем којшто сега постои и радикална хиперлокализација на политиката која ќе создаде повторна блискост помеѓу луѓето. Поентата е стварно власта да се врати кај народот, а не само да биде реторичка фраза, изјави Босилков.

Прочитајте и...  Тужба пред француската правда за хемиски напад со сарин во Сирија во август во 2013 година

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Поврзани вести

До крајот на мај преку Ковакс ќе бидат испорачани околу 237 милиони вакцини во 142 земји

Слободен печат

Заев и Николовски во офанзива против корупцијата: Нема веќе чување предмети во фиоки, да не ни се случуваат „Панами и Белизиња“

Лука Андреев

Во Романија изречени затворски казни за поранешна министерка и ќерката на Басеску

Слободен печат

Мишел: Недвосмислена поддршка на ЕУ за суверенитетот на Украина

Слободен печат

Вакцинирани 2680 здравствени работници, над 118 илјади граѓани се пријавиле за вакцинација против ковид-19

Слободен печат

Џо Бајден му честиташе 90-ти роденден на Михаил Горбачов

Слободен печат

Остави Коментар