Д-р Билјана Божиновска, спец. по радиологија: МР или ЦТ, која е разликата?

Во принцип двата метода се релативно безбедни. Постојат одредени состојби кога компјутерска томографија не се препорачува, но и состојби каде магнетна резонанаца не се препорачува.

За кои состојби се препорачува компјутерска томографија, а за кои магнетна резонанца, каква улога има секоја од нив и кој метод е побезбеден, стручно објаснува д-р Билјана Божиновска, специјалист по радиологија во „One Hospital“.

Која е разликата помеѓу компјутерска томографија и магнетна резонанаца?

Компјутерската томографија работи на принцип на резидуални рентген-зраци, кои го поминуваат човечкото тело и се апсорбираат на детектори. Оттука преку софтвер тие се обработуваат во слики.

Магнетната резонанаца пак користи магнетно поле и радиофреквентни пулсови што ги стимулираат водоровните јони на водата во нашето тело, а ние знаеме дека нашето тело се состои од 75 отсто вода и при нивна релакасација се добива сигнал кој преку софтвер се обработува во слика.

Значи, не постои јонизирачко зрачење кај прегледите со магнетна резонанца.

Кој метод е пoбезбеден?

Во принцип двата метода се релативно безбедни. Постојат одредени состојби кога компјутерска томографија не се препорачува, но и состојби каде магнетна резонанаца не се препорачува. Не се работи само во однос на јонизирачко зрачење, на пример, магнетна резонанца не се прави кај пациенти кои имале претходна интервенција и биле имплантирани материјали кои не се „пријателски“ со магнетно поле (Клипси при мозочни анверизми направени од материјал што може да биде магнетизиран, кардиолошки стимулатори „pacemaker“ имплантати во око итн.).

Компјутерска томографија пак, од друга страна, поради јонизирачко зрачење е високоризична кај бремени жени и не се препорачува.

Инаку кај двата метода пациентот се чувствува пријатно, лежи на подвижна маса со круг околу себе.

Со оглед на тоа што отворот кај магнетна резонанца е потесен и самиот магнет е во вид на тунел, се случува пациентот да се чувствува непријатно и клаустрофобично, особено кај прегледи што траат подолго.

За кои состојби се препорачува компјутерска томографија, а за кои магнетна резонанца?

Компјутерска томографија е брз метод, дава увид во состојбата на белите дробови, мозочните структури, абдоменот и коските, со додавање на контраст се добива одличен приказ на крвните садови. Се препорачува во итни состојби на пример при повреди, состојби на внатрешни крвавења.

Магнетната резонанца дава подетални податоци повеќе во правец на состојба на органите и ткивата. Високо специфична е за мозочниот паренхим, тетивите, мускулите, внатрешните органи на абдоменот. Се препорачува за поточна дијагностика при малигни состојби или спортски трауми.

На пример, кај снимање на ‘рбетен столб при болка во половината, компјутерската томографија ќе ни даде увид во состојбата на прешленските тела со тродимензионален приказ, додека пак, магнетната резонанца ќе ни ги прикаже рскавичните елементи наречени дискуси и кој нерв е притиснат и дали ‘рбетниот мозок е повреден или не.

Која е улогата на компјутерска томографија и на магнетната резонанца при дијагностицирање на канцер?

Двата метода може да ги прикажат промените што можат да бидат сомнителни за канцер, со точна локализација и дали таа промена е локализирана или пак  се присутни метастази. Имаат клучна улога при одредување на пристапот за биопсија на промената и доколку е потребна хируршка процедура за пристап на хирургот.

Компјутерската томографија изведена со интравенски аплициран контраст дава одличен приказ на крвните садови што го хранат туморот, со што се овозможува интервентно радиолог преку катетер да ја сопре неговата исхрана со сопирање на крвоснабудање и да се овозможи и полесна екстирпација на истиот со минимално крвавење.

Двата метода се комплементарни за да се дојде до вистинскиот метод доколку се изведени од стручен тим, кој е составен од радиолошки технолог и радиолог, како што е случај во „One Hospital“.

Магнетната резонанца бидејќи работи на принцип на активација на водородните јони во магнетно поле дава сигнал од самите ткива и можеме да претпоставиме дали промената е од бениген или малиген карактер.

Инаку, најточна дијагноза при малигни состојби се добива со биопсија на промената и со хистопатолошка анализа на истата, како и со позитрона компјутерска томографија таканаречена ПЕТ ЦТ, со која се детектираат  метастазите и се одредува степен на заболувањето.

„One Hospital“

(комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот