Д-р Беќаровски со интригантна објава: Мажи, спремајте ги паричниците за 8. март

Проф. д-р Нико Беќаровски Фото: Утрински брифинг/Слободен печат

„Мажи, спремајте ги паричниците за 8-ми март, патувањето во Милано пак ќе биде актуелно“, објави денеска на својот ФБ профил токсикологот и професор д-р Нико Беќаровски.

Тој ваквиот став дека европските граници повторно ќе се отворат уште во март, отприлика датумот кога се затвори Македонија и поголем дел од Европа пред две години кога коронавирусот масовно почна да заразува и одзема животи, го темели на сознанијата за актуелната состојба со пандемијата од ковид-19.

-Тоа што во моментов имаме пораст на бројот на хоспитализации е резултат на се уште присутната #ДЕЛТА варијанта. Како ќе продолжува да расте доминацијата на #ОМИКРОН сојот (во моментов кај нас е околу 2/3 од случаите) така ќе опаѓа и бројот на хоспитализации и смртни исходи, објави д-р Беќаровски кој е многу популарен на социјалните мрежи со своите совети и видувања на проблемот со пандемијата.

„Оптимистите живеат подолго и поквалитетно од песимистите“, нагласува тој во пост скриптум на објавата со која предизвика многу позитивни реакции на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот