Д-р Беќаровски: Одлуката еден ден по прва доза да се имаат сите права е епидемиолошки неиздржана

Д-р Нико Беќаровски. / Фото: Приватна архива, Фејсбук / Турканица пред поликлиника „Јане Сандански“ / Фото: Р. Пејовски, Слободен Печат

Проф. д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, со објава на социјалната мрежа Фејсбук, им се обрати на колегите од Комисијата за заразни болести.

– Почитувани колеги, членови на здравствената комисија, ве замолувам:

1. На првиот состанок ревидирајте ја бесмисленоста на одлуката за вистински прележаните од ковид-19 и 45 дена заменете ги со логичните 9-12 месеци. Тие луѓе веќе поминаа една голгота, имаат имунитет и не ги терајте со сила во прегратките на антиваксерските промотори.

2. Одлуката еден ден по прва доза да се имаат сите права е медицински и епидемиолошки неиздржана и е погрешен начин за стимулација на вакцинацијата!

Драги колеги, да останеме тоа што најдобро го знаеме, доктори, а не политиканти, пишува д-р Беќаровски.

Американска анти-ваксерка починала од Ковид: „Вакцинирајте ми ги децата“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот