Д-р Беќаровски: Нема причина за онлајн настава, омикрон за децата е обична вироза

Доктор Нико Беќаровски/ Фото: Архива на Слободен печат

Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија вели дека во моментов нема никаква причина учениците да преминуваат на онлајн настава, бидејќи за најмладите пациенти сојот омикрон на коронавирусот е обична вироза, со какви што се среќаваат секоја зима.

Реакцијата на лекарот доаѓа откако денеска група родители побараа децата во второто полугодие наместо физичка, да следат онлајн настава.

„Ако во Грција со преку 20.000 нови случаи и во Хрватска со 9000 нови случаи секој ден, ДЕНЕС ЗАПОЧНА НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО, нема ниту една причина некое си “САМОПРОГЛАСЕНО ЗДРУЖЕНИЕ” да бара on line настава во Македонија. За децата омикрон е обична вироза, какви што има секоја зима !!!“, напиша д-р Беќаровски на Фејсбук.

Тој вели дека „местото на децата е во училишните клупи, а на неработниците вон образованието“, а единствено би се сложил почетокот на второто полугодие во училиштата да се одложи до понеделник, 24 јануари.

Видео на денот