12 C
Скопје

Д-р Беќаровски: Жртвувајте ги новогодишните и божиќни собирања, за спокојно и безгрижно да го дочекаме следното лето

Поранешниот директор на Токсикологија, Нико Беќаровски на својот фејсбук профил апелира до граѓаните да ги жртвуваат новогодишните и божиќни собирања, за спокојно и безгрижно да го дочекаме следното лето.

-Деновиве кога бројките на новоинфицирани и починати од SarsCov-2 во многу европски и други држави од северната хемисфера достигнуваат нови рекорди, можеби насловов ќе Ви изгледа претерано оптимистичен и нереален. Но овој мој оптимизам не се должи само на мојот непоправлив карактер, туку и на три научно базирани фундаменти. Механизмот со кој разорува вирусот секој ден ни станува се појасен од субцелуларно ниво, до комплетната клиничка експресија. Појавата на цитокинска бура, делувањето врз АЦЕ рецепторите во организмот, микроциркулацијата и коагулацијата на крвта, се веќе апсолвирани нарушувања, кои знаеме како настануваат, кога може истите да ги очекуваме и кој сегмент од популацијата е највулнерабилен. Лабораториските и параклиничките иследувања кои се неопходни да се направат за рано откривање на овие животозагрозувачки состојби се јасно детерминирани со точна временска дистанца- вели Беќаровски.

Прочитајте и...  Претседателот Пендаровски не гледа потреба од промена на Уставот

Потрагата по медикамент, вели тој,  кој ќе може уште во раната фаза на инфицираност да го убие вирусот или драстично да ја намали неговата патогеност иако се уште немаат Happy End, исфрли 2-3 антивиремици и антихелминтици, кои имаат помал или поголем успех.

-Remdesivir иако беше најавуван како клуч во борбата со Covid-19, се повеќе го губи здивот, но се поголем е бројот на студии кои ги покажуваат позитивните ефекти од еден друг антивиремик, Favipiravir, кој за среќа го имаме и кај нас и пред се на еден стар и добро познат антихелминтик Ivermectin,кој за жал не е достапен во Македонија за употреба кај луѓе. Овој лек покажува позитивни резултати во сите фази на заболувањето. Molnupiravir е нов антивиремик се уште во клиничка фаза II/III кој покажува одлични резултати како многу потентен селективен антивиремик. Трите вакцини за кои се тврди дека имаат многу висок процент на ефикасност со низок степен на несакани ефекти се третиот столб во тврдењето дека ја водиме последната голема битка со вирусот кој ни го смени животот. Искрено посакувам пред масовната вакцинација да се пронајде долгоочекуваниот лек, кој ќе може да ја одложи вакцинацијата и да овозможи дополнителни испитувања на вакцините, пред се на Фајзеровата, која е потполно нов и досега неприменуван облик за вакцинирање на хуманата популација. Секако дека за комплетна ерадикација на вирусот најверојатно на крајот сепак ќе е неопходна масовна вакцинација на целокупното население, но најдобро со 100% сигурна и комплетно проверена вакцина- стои во објавата на д-р Беќаровски.

Прочитајте и...  Влада: Бугарија не бара менување на Уставот, Владата секогаш ќе ги јакне правата на сите

Беќаровски вели дека следните 6-8 месеци човештвото ќе ја добие оваа последна жестока битка со невидливиот непријател.

-Затоа бидете стрпливи и внимателни, не дозволувајте да станете жртва сега кога крајот е се појасно дефиниран. Последните 7 дена од Втората светска војна погинаа најмногу луѓе. Да не ја повториме иста грешка. ЖРТВУВАЈТЕ ГИ ПРЕСТОЈНИТЕ СЛАВИ, НОВОГОДИШНИ И БОЖИКНИ СОБИРАЊА, за спокојно и безгрижно да го дочекаме следното лето- потенцира тој.

Поврзани вести

ВИДЕО: Експлозии во две сириски рафинерии во близина на границата со Турција

Слободен печат

Бесими: Постигнавме пониска каматна стапка за еврообврзбицата од многу европски земји со повисок кредитен рејтинг

Слободен печат

Зедер: Да не се политизира одобрувањето на „Спутник V” во ЕУ

Слободен печат

Роверот на НАСА првпат се движеше по површината на Марс

Слободен печат

Зедер: Да не се политизира одобрувањето на „Спутник V” во ЕУ

Слободен печат

Сава Јањиќ: Љубовта на Атанасије кон Косово беше неизмерна

Слободен печат

Остави Коментар