24.8 C
Скопје

Д-р Беќаровски: Последиците што ги остава ковид-19 се катастрофални

Не е само да се излечи вирусот, последиците кои ги остава се катастрофални. Во моментов во државата доминира стомачен вирус, клиниките се преплавени со таа патологија. Ситуацијата со ковидот е смирена, но тој не е комплетно загубен, вели професор д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија за емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

– Кај пост-ковид синдромот нема орган којшто не е зафатен и врз кој нема краткотрајни или долготрајни последици.

Секако, најголем процент од зафатеноста е врз белите дробови. Вирусот проаѓа, но тоа ткиво не може да се врати комплетно во нормалата и кај голем процент од пациентите нема да се врати потполно. Ако претходно сме имале 100 проценти витален капацитет, зависно од оштетувањата, тој капацитет е намален. Човек којшто не може да внесе доволно кислород, полесно се заморува, потешко дише итн.

Исто така, кај голем број од пациентите имаше воспаление на срцевиот мускул. Оние коишто прележаа ковид-19 имаа проблем со регулација на шеќерот – ако претходно било доволно 12, 16, или 18 единици да се регулираа шеќерот, сега се потребни многу повисоки дози.

Има студии коишто докажаа дека кај пациенти коишто прележаа ковид, бројот на активни сперматозоди е намален петкратно. Ако претходно имале милион, сега имаат 200 илјади, објасни д-р Беќаровски.

Беќаровски: „Синофарм“ е идеална за оние коишто го прележаа ковид-19

Поврзани вести

Лукаревска: Наша единствена алтернатива е ЕУ

Слободен печат

Пукотница во Старата скопска чаршија

Слободен печат

Филипче од Штип: Покажавме дека за нас зборот е збор, го имаме најдоброто за секоја општина

Слободен печат

Ексцентричен тајкун, креатор на најпознатата антивирусна програма, пронајден мртов неколку часа по одлуката за екстрадиција

Слободен печат

Заев тврди дека не разговарал со Ахмети за промена на знамето, грбот и химната

Слободен печат

Заев за новите проекти: Се воведува еколошка такса, ќе се инвестира во обновливи извори

Слободен печат

Остави Коментар