Д-р Беќаровски: Ковид-19 е вирус и не може да се убие со било кој познат антибиотик

Поранешниот директор на Токсикологија, д-р Нико Беќаровски на својот фејсбук профил неуморно ги советува граѓаните околу сите дилеми за коронавирусот. Вечерва пишува дека лицата со температура 37.1 веднаш посегнуваат по парацетамоли, аспирини, фервекси.

-Во општиот страв создаден со SarsCov-2, голем дел од Вас драги Фб пријатели секој ден ја мерите Вашата телесна температура. Многумина овие денови се возбудуваат веќе на вредности од 37.1Ц и веднаш посегнуваат по антипиретици (Парацетамол, аспирин, фервекс, ибупрофен, Кафетин итн) и антибиотици- пишува д-р Беќаровски.

Медицината познава неколку градации на човековата телесна температура.
■ Под 36°Ц хипотермија, која може да биде животозагрозувачка
■ 36°С до 37°С или според некои автори 37.5°С нормална телесна температура (афебрилност)
■ 37°С до 38°С според некои автори до 38.5°С субфебрилност
■ 38°С до 40°С фебрилност
■ 40°С до 42°С малигна хипертермија

-Во сите медицински учебници јасно тои и пишува, субфебрилните температури (37°С-38°С) не треба да се третираат 3-5 дена, БИДЕЈЌИ СЕ РЕЗУЛТАТ НА БОРБА НА ОДБРАМБЕНИОТ СИСТЕМ НА ОРГАНИЗМОТ со надворешниот натрапник (вирус, бактерија, рикеција, габа, страно тело).
Со неконтролираното и предвремено давање на антипиретици, Вие го супримирате Вашиот одбрамбен имунолошки систем правовремено и со цел капацитет да се избори со инфекцијата.
ОВА ВАЖИ ЗА СИТЕ ИНФЕКЦИИ И НЕМА ПРИЧИНА ДА Е ПОРАЗЛИЧНО И КАЈ SarsCov-2
АНТИБИОТИК се дава исклучиво кај докажана бактериска или инфекција со рикеции ИЛИ кај јасно дефинирани лабораториски параметри кои сугерираат бактериска инфекција. Секое друго давање на антибиотик е неоправдано- вели д-р Беќаровски.

Тој истакнува дека ковид-19 е вирус и не може да се убие и уште помалку да се превенира со бил кој познат антибиотик.

SarsCov-2 е вирус и не може да се убие и уште помалку да се превенира со бил кој познат антибиотик. Ова го знае секој доктор во Македонија и затоа Ве молам препуштете ја медицината на луѓе кои 6-12 години учеле како да Ви помогнат- вели д-р Беќаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот