Д-р Беќаровски бара одговори од Захариева: На кој јазик е напишан Aбецедарот ???

Поранешниот директор на Клиниката за токсикологија, д-р Нико Беќаровски упати прашања со бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, за кои како што вели, нема логичен одговор.

-На долниве слики е прикажан АБЕЦЕДАРОТ кој е издаден 1925 година во Атина, за да може да учат децата во Егејска Македонија кои зборувале јазик различен од грчкиот. Како основа за АБЕЦЕДАРОТ е земен леринскиот дијалект кој ми е одлично познат, бидејќи го зборуваа моите дедовци, баби, татко ми, мајка ми- напиша д-р Беќаровски на Фејсбук.

1. На кој јазик е напишан Aбецедарот ???

2. Ако во Лерин, Воден, Кукуш 1925 година живееле Бугари, зошто Грците би се мачеле да пишуваат нов буквар и латинска абецеда, кога 1925 година веќе имало имало готови испечатени бугарски буквари со кодифицирана азбука и јазик.

З. Зошто во Абецедарот буквите иако пишани на латиница се скоро исти како денешната македонска кирилица, а многу поразлични од бугарската кирилица ???

4. Ако тамошното население зборува различен јазик од бугарскиот, КАКО СЕ ВИКА ТОЈ ЈАЗИК, бидејќи македонскиот нели го измисли Тито 1944 година, односно 20 години покасно од букварот.

5. Ако населението во Вардарска Македонија, комунистите и Коминтерната го натераа да не се чуствуваат Бугари, зошто моите дедовци и баби кои никогаш не живее во Југославија, туку во Грција, СССР, Австралија, дури и во Софија, секогаш велеа дека се македонци и зборуваат македонски. КОЈ НИВ ГИ ИЗЛАЖА ???

6. Ако и покрај сè и ние МАКЕДОНЦИТЕ од Егејска Македонија сепак сме Бугари, зошто не побарате од Вашите грчки сојузници во ЕУ, да ни ги вратат имотите, а на тие кои сè уште живеат таму да им се признае правото на малцинство и училишта на мајчин јазик ????

-Се надевам дека на овие едноставни прашања, кои мене ме мачат, заедно со Вашите ЦЕНЕТИ историчари и академии, ќе се удостоите да ми одговорите- пишува д-р Беќаровски.

Пред два дена, пред офијално да добиеме вето од Бугарија, Беќаровски и одржа бесплатен час по историја и демократија на бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Д-р Беќаровски во својата објава на Фејсбук вели дека и подарува еден краток бесплатен час по историја и демократија, а оваа негова порака уследи откако Захариева изјави дека, не може со Тито да одиме во ЕУ, како и дека Скопје не го спроведува Договорот за добрососедство и продолжува со омраза кон Софија, па поради тоа немало начин како Бугарија да каже „да” во оваа фаза”.

ВИДЕО | Шилегов: Ставот на Захариева е глупост

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот